„Предавникот“ Влаховиќ вечер го чека пекол, навивачите на Фиорентина му порачаа: Молкот не е опција!

Навивачите на Фиорентина објаснија зошто „молкот нема да биде опција“ за нив вечерва, кога Душан Влаховиќ ќе се врати на нивниот стадион, овојпат во дресот на најомразениот Јувентус, во меч од полуфиналето на Италијанскиот куп.

Влаховиќ беше прв стрелец на Фиорентина, а во јануари потпиша за Јуве, и со тоа, според навивачите, цела Фиренца се чувствува предадена. Србинот ги следеше стапките на Федерико Бернардески и Федерико Кјеза, кои исто така од Виолетовите преминаа во редовите на Старата дама, а целата приказна почна пред повеќе од 30 години, кога Роберто Баџо замина во Јуве.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести