Предизвика еуфорија и полн стадион – Селекторот на Холандија водеше тим од Втората лига и победи (Видео)

Луј Ван Гал ја прифати понудата на раководството на холандскиот второлигаш Телстар и вечерва им беше тренер на мечот против лидерот Јонг АЗ Алкмар и успеа да се радува на победа од 1:0.

Потегот на раководството на Телстар и на селекторот на Холандија беше во хуманитарни цели, а целиот спектакл предизвика еуфорија во Северна Холандија.

Ван Гал беше и на два тренинга на Телстар оваа недела, со присуство на многу навивачи на клубот, кои ги исполнија целиот капацитет од 3.625 места вечерва на „Буко“ стадионот.

Со голот на Глинор Плет во деветтата минута Телстар ја победи водечката екипа во популарната Ерсте Дивизија. Ван Гал има одлични релации и со Телстар и со АЗ Алкмар и настапуваше по една сезона за двата клуба во својата играчка кариера.

 

 

- Оглас -

Најнови вести