Предизвикот е прифатен, Стеф против Сабрина во шутирање тројки на олстар-викендот!

НБА-лигата потврди дека на саботната програма на претстојниот олстар-викенд (на 17 февруари во Индијанаполис), на натпреварот во шутирање тројки ќе има историски дуел на Стеф Кари против Сабрина Јонеску.

Кошаркарката на Њујорк либерти, на женскиот ВНБА олстар во јули постави рекорд дури од 37 поени на натпреварот во шутирање тројки и веднаш го предизвика Кари, кој важи за најдобар шутер меѓу мажите.

- Оглас -

Најнови вести