Предизвикувачко коло на Спортска прогноза, за две градски дербија прогнозерите веќе имаат фаворити

Вчера започна типувањето за новото коло на бесплатната Спортската прогноза, а голем број играчи веќе се изјаснија и станаа потенцијални добитници на подароците кои ги дава Sport Life за оние најуспешни прогнозери со погодени 13, 12 и 11 пара.

Колото ќе го отворат Рајо Ваљекано и Жирона в сабота од 14 часот и тоа е терминот до којшто може да се типува. Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски откако не прими гол против Реал Мадрид, сега ќе треба да го сопре и лидерот и најефикасен тим во Ла Лига. Од оние што досега типувале, само 28 проценти сметаат дека ќе победи Жирона.

Во основната понуда има и три градски дербија. Севиља е фаворит против Бетис за две третини од прогнозерите, тоа важи и за Бенфика против Спортинг, а поделеност има за римското дерби на „Олимпико“, каде што засега за дуелот на Лацио и Рома најмногу играчи типувале на нерешно.

За погодена Тринаесетка, ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

Сони плејстејшн 5

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести