Предноста на Ферстапен се топи, поените од спринтот може да бидат клучни за шампионската титула (Фото)

Маратонскиот Формула 1 викенд на патеката Интерлагос во Бразил продолжува со спринт трката, која може да донесе бодови кои на крајот ќе се покажат и како одлучувачки во борбата за шампионската титула.

Предноста на Макс Ферстапен се топи, па сега тој има само 47 бода повеќе од Ландо Норис, кој е најголем фаворит за победа на спринтот, а со тоа и за нови осум бода во генералниот пласман. Од пол-позицијата на спринтот ќе тргне Оскар Пјастри, додека актуелниот шампион стартува од четвртата позиција.

Квотите во Sport Life велат дека речиси сигурно Норис ќе победи, со оглед на тоа дека квотата му е 1.40, следува Пјастри со 4.00, потоа Леклер со 9.00, додека квотата за Ферстапен е 17.00.

Возбудувањата ќе продолжат само неколку часа после завршувањето на спринтот со квалификациите за главната трка за ГН на Бразил. И тука Ландо Норис е топ фаворит со квота од 1.80, додека веднаш позади него е Оскар Пјастри со квота од 4.50. Пол-позицијата на Макс Ферстапен има квота од 8.00.

Голема битка ќе се води и кај конструкторите, со оглед на тоа дека Мекларен е прв со 566 бода, пред Ферари со 537 и Ред бул со 512.

- Оглас -

Најнови вести