Предолго бил во карантин – Чудо е што утна Хофман (Видео)

Јонас Хофман ја има утката на денот, но сепак може да биде среќен бидејќи чудесното промашување што го имаше вечерва на дуелот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Менхенгладбах не влијаеше на исходот на мечот.

Неговиот тим, Борусија славеше со 3:1, а 27-годишниот офанзивец се посрамоти во 85. минута. Беше сам пред голот на Ајнтрахт, можеше и да асистира до двајца соиграчи кои беа исто така сами пред домашниот гол, но му дозволи на Хинтерегер да спаси чист погодок со интервенција на гол-линијата.

Amazing block by Hinteregger vs M’Gladbach from soccer

Хофман е веќе ветеран во Борусија, ја игра петтата сезона за екипата од Менхегладбах, но ваква голема утка за првпат му се случува.

Сепак не беше кобна за неговиот тим, кој сега го прескокна Лајпциг и се проби на третата позиција во Бундеслигата со 52 бода. Имаат три помалку од лидерот Баерн Минхен, кој е со меч помалку и два од Борусија Дортмунд на 8 кола до крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести