Предвреме заврши годината за Димитриевски, казнет е со четири натпревари

Столе Димитриевски ќе мкора да одмори до крајот на оваа година, откако е казнет со четири меча суспензија по исклучувањето на дуелот меѓу Леганес и Рајо Валјекано.

Голманот на македонската репрезентација во кус рок од неколку секунди најпрво доби жолт картон за приговор, а потоа повторно реагираше беше и исклучен.

Нема да може да брани за шпанскиот второлигаш на дуелите Логроњес, Жирона и Лас Палмас во Сегунда дивизија и на куп- мечот од Копа Дел Реј со Теруел.

За Димитриевски ова е прво исклучување во шесттата сезона како брани во Шпанија. Почна во Гранада во 2014 година и настапи само еднаш во Ла Лига, а потоа две сезони беше голман на Химнастик во Сегунда и сега е веќа трета сезона во Рајо Валјекано, од кои првата во 2016/17 му беше исто така во најсилната шпанска лига.

 

 

- Оглас -

Најнови вести