Прегледите се закажани, Санчес од вторник ќе биде играч на Интер

Алексис Санчес во вторник ќе замине за Милано, каде што ќе треба да ги изврши медицинските прегледи пред да го официјализира трансферот во Интер. Нераѕурите се договорија со агентот на Чилеанецот, кој прво ќе биде позајмен на „Џузепе Меаца“, а следното лето Интер ќе треба да исплати 20 милиони фунти на Манчестер јунајтед.

Италијанските медиуми известуваат дека Санчес дури прифатил помала плата, најплатениот играч во Премиер лигата ќе заработува 9 милиони фунти помалку од загарантираната плата во Јунајтед. Инаку, Интер и Јунајтед се согласија платата на Санчес да ја исплаќаат по пола додека трае позајмицата.

Санчес во Милано повторно ќе игра покрај Ромелу Лукаку, со кого беше соиграч во Манчестер пред Белгиецот да се пресели во Италија за сума од 75 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести