Прекарот му е Кралот на последната четвртина, не изневери и против Атланта со редок подвиг (Видео)

Демар де Розан повторно го оправда прекарот Кралот на последната четвртина и со нова брилијантна партија баскет му донесе победа на Чикаго булс против Атланта хоукс со 112:108.

Де Розан ги постигна клучните поени за победа во финишот на мечот, а вкупно уфрли 37 поени и се најде во одбрано друштво на големи легенди на НБА-лигата.

Осмипат по ред има 35 или повеќе поени, подвиг што го имаат само уште шестмина кошаркари, Вилт Чембрлен, Елџин Бејлор, Мајкл Џордан, Кобе Брајант, Леброн Џејмс и Џејмс Харден.

Де Розан постигна 12 поени во последниот период, а беше на вистинско ниво во самиот финиш кога се одлучуваше победникот.

https://twitter.com/SportsCenter/status/1497051614993018884?s=20&t=G6UzFsAjNNPnwNDCbHCVQg

Ист учинок од 37 поени ноќеска имаше и Деанџело Расел во победата на Минесота против Мемфис со 119:114.

Повторно блескаше и Никола Јокиќ со 25 поени, 12 скока и 9 асистенции и му фалеше само уште едно прецизно додавање до соиграчите за нов трипл-дабл.

Сепак, популарниот Џокер се радуваше на победа на Денвер нагетс од 128:110 против Сакраменто кингс.

Останати резултати: Детроит – Кливленд 106:103, Бруклин – Бостон 106:129, Оклахома – Феникс 104:124, Портланд – Голден стејт 95:132.

 

- Оглас -

Најнови вести