Прекарот му е „Убиец на пенали“, ноќеска се посрамоти (Видео)

Рандал Леал постигна прекрасен гол за Нешвил во МЛС лигата, но вина има и голманот на Синсинати, Пржемислав Титон, познат по прекарот „Убиец на пенали“.

Полјакот беше невнимателен и дозволи лоб-ударот од тешка позиција што го упати Леал да заврши зад неговиот грб во мрежата на Синсинати за израмнување и конечен резултат од 2:2.

Nashville SC [2]-2 FC Cincinnati Randall Leal (Great Goal) from soccer

Титон голем дел од кариерата мина во холандски клубови и е познат по тоа што одлично брани пенали, па доби и интересен прекар.

Ноќеска се посрамоти и е виновник што Синсинати не ги освои трите бода, иако потегот на Леал беше велемајсторски.

 

 

- Оглас -

Најнови вести