Прекрасен гест на Орбан – Покани 10 украински деца бегалци од војната на меч од Лигата на шампионите

Дефанзивецот на Ред Бул Лајпциг, Вили Орбан, покани 10 украински деца кои се бегалци од војната на меч од Лигата на шампионите, и тоа тој што ќе се игра вечерва во Варшава, од 18.45 часот, меѓу неговиот тим и Шахтар Доњецк.

Унгарскиот репрезентативец има покренато хуманитарна програма „Да се екипираме за итна помош на Украина“ и е многу активен на тоа поле.

На Орбан му помага и неговиот соиграч Хавер Шлагер, а и двајцата издвојуват значајни средства од своите плати за помош на загрозените луѓе.

Вечерва во Варшава, Шахтар е домаќин во последниот меч во фазата по групи и ќе мора да го победи Лајпциг ако сака да продолжи во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Со секој друг исход германскиот тим ќе оди во осминафиналето заедно со Реал Мадрид, а украинскиот тим би продолжил во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести