Прекрасен гест: Наполи ќе игра со специјални дресови во чест на легендарниот Марадона (ФОТО)

Екипата на Наполи ќе излезе со специјално дизајнирани дресови во чест на легендарниот Диего Армандо Марадона.

Елиф Елмас и соиграчите со ваква гарнитура, дизајнирана од „Емпорио Армани“ ќе играат против Верона, Интер и Лацио , а дел од средствата собрани од продажбата на овие специјални дресови ќе заминат во добротворни цели.

Своето „деби“ овој дрес ќе го има утре, каде што Наполи на домашен терен ќе се сретне токму со Верона.

Наполитанците се надеваат дека конечно по неколку децениска пауза ќе успејат да ја освојат титулата во Серија А, каде што последен пат до нејзе беа предводени токму од Марадона.


 

 

- Оглас -

Најнови вести