Прекрасни вести: Ниту еден позитивен на ковид-19 во комплексот на „Дизни“

Точно 10 дена пред рестартот на сезоната во НБА-лигата нема ниту еден позитивен случај на ковид-19.

Во изолираниот комплекс „Светот на Дизни“ во Орландо направени се 346 тестови на играчите, вклучувајќи ги стручните штабови, новинарите и сите останати работници во комплексот, по што е потврдено дека нема заразени.

Екипите на 13 јули се сместија во Орландо, оттогаш нема позитивен случај, што е прекрасна вест во пресрет на враќањето на паркетите. Веќе сè е подготвено за продолжување на шампионатот кој се прекина на 11 март.

Во Орландо ќе учествуваат 22 екипи, во среда почнуваат со пријателски натпревари, додека пред разигрувањата сите ќе одиграат по осум натпревари за да се одреди пласманот, односно паровите во плејофот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести