Женската фудбалска селекција на Австрија заедно со домаќинот на женското ЕП, националниот тим на Англија, се пласираа во четвртфиналето на континенталниот собир по победата од 1-0 против Норвешка.
Во борбата за второто место во групата А, дилемите ги реши Никол Била со својот фантастичен погодок со глава во 37-та минута. Била го проследи перфектното нафрлување во шестнаесетникот и искусно ја затресе противничката мрежа.
Голот можете да го видите ТУКА.
Норвежанките во финишот од дуелот имаа неколку шанси за израмнување, се тресеше рамката од голот на Австрија, меѓутоа еден гол се покажа како решавачки во дуелот.
Во три кола Австрија освои шест бода, односно забележа една победа повеќе од Норвешка. Англија пак ја освои групата А со учинок „три од три“и гол-разлика 14-0, откако забележа нов убедлив триумф од 5-0 против Северна Ирска.