Манчестер сити без никакви проблеми славеше на гостувањето кај Вест Бромвич албион со убедливи 5:0 и со трите бода се искачи на чело на табелата во Премиер лигата. По 19 одиграни кола, Граѓаните имаат 41 бод, додека вториот Манчестер јунајтед има 40 бодови.
Фаворитот уште во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победникот. Гундоган даде два гола, а по еднаш погодуваа Кансело и Марез. Посебно интересна беше ситуацијата за голот што го даде Кансело.
Во второто полувреме Сити даде само еден гол, и тоа со погодокот на Стерлинг во 57-мата минута за конечни 5:0.
На денешните мечеви во Премиер лигата гостите имаа целосна доминација. Арсенал со 3:1 победи кај Саутхемптон, Вест хем со 3:2 го победи Кристал палас во дуел на лондонските ривали, а со три бода си замина и Лидс на нашиот Езџан Алиоски, кој се радуваше на теренот на Њукасл со 2:1.