Премиер лигата ќе личи како да се игра Европско првенство, а Ливерпул ќе се радува на титулата

Англичаните на најразлични начини се обидуваат да стигнат до решение кое ќе значи и доигрување на Премиер лигата. На Ливерпул му се потребни само уште две победи за да биде промовиран во нов првак, но пандемијата со Коронавирусот направи да биде неизвесно дали титулата по пауза од 30 години повторно ќе блесне во витрините на „Енфилд роуд“.

Според пишувањата на реномираниот весник „Индепендент“, се прави план за тоа како да се доиграат преостанатите 92 меча од Премиер лигата. Планот е сите натпревари да се одиграат во јуни и јули, период кога летово требаше да се игра Европското првенство, но тоа е одложено за следната година.

Англиското првенство би делувало баш како европско првенство затоа што сите клубови би биле собрани во хотели, во Лондон и во централна Англија, и во тој период би немале никаков контакт со семејството за да се намали можноста од зараза од опасниот вирус.

Во текот на тие два месеца треба да се одиграат сите 92 меча кои би имале и директен телевизиски превоз. Едноставно, Англичаните форсираат да има финиширање на сезоната, во која Ливерпул треба да се израдува на титулата.

- Оглас -

Најнови вести