Премиер лигата воведе нови правила за додавачите на топки

Раководството на англиската Пример лига воведе ново правила кое се однесува за дечињата кои ги додаваат топките на фудбалерите кога се изведуваат прекините. Според новото правило, веќе нема да им се фрлаат топките, туку ќе бидат оставани на обележани места и од тука играчите сами ќе ги земаат.

Тоа значи дека децата веќе нема да можат да задржуваат време сè со цел да ѝ помогнат на домашната екипа, но нема да можат ниту да ја убрзаат играта со брзото враќање на топката во игра.

Ваквото правило се донесе по бурните барања на тренерите, кои беа незадоволни од децата коишто ги додаваат топките.

- Оглас -

Најнови вести