Премиер лигата за брзо време се враќа на ТВ, мора да се спасат парите

Во Англија очигледно не се може долго време без фудбал. Челниците на Премиер лигата најверојатно ќе дојдат до решение кое ќе значи продолжување на фудбалското првенство.

Тие не сакаат да го загубат договорот вреден три милијарди фунти кои ги добиваат од ТВ-преносите, па затоа нема шанси да се донесе решение за предвремен крај на шампионатот.

Каков е планот? До крајот на Премиер лигата треба да се одиграат уште 92 меча, а сите треба да бидат пренесувани на телевизија. Натпреварите би се играле без публика за да се намали опасноста од пренесување на Коронавирусот.

Главната цел на првите луѓе во Премиер лигата е да се спаси телевизискиот договор, а за тоа дали постои реална шанса набрзо да гледаме дуели од најсилната англиска лига, ќе се знае по утрешниот состанок.

- Оглас -

Најнови вести