Пет натпревари од европските фудбалски купови се дел од понудата на Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 51.7, додека поединечно квотите се помеѓу 2.00 и 2.55.
Најголемата квота во оваа понуда е за првиот меч, оној помеѓу Атлетик Билбао и Рома, 2.55, а ќе биде добитна само ако во првото полувреме има помеѓу еден и три гола, но и најмалку три гола на целиот натпревар.
Голови се очекуваат на мечот помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ајакс, а квотата од 2.15 ќе биде добитна само ако се затресат двете мрежи во првото или во второто полувреме.
Челзи е фаворит против Копенхаген и се очекува со нова победа да го потврди пласманот во четвртфиналето од Конференциската лига. За да биде добитна квотата од 2.00, освен победа на Челзи, потребно е да има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.
Манчестер јунајтед и Реал Сосиедад одиграа 1-1 на првиот меч, а сега Црвените ѓаволи се фаворити да се изборат барем за продолженија. Квотата од 2.05 ќе биде добитна само доколку Манчестер јунајтед не загуби во меч на којшто ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола.
Тотенхем е фаворит против АЗ Алкмар, но за да биде добитна квотата од 2.30, потребно е домашните фудбалери да постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.