Премиерлигашите се тестираа масовно – Само шестмина од 748 фудбалери се позитивни на Ковид-19

Фудбалерите од Премиер лигата масовно се тестираа во неделата и понеделникот, а потврдено е дека од 748 играчи, помалку од еден отсто, или точно шестмина имаат позитивни тестови на ковид-19.

Од етички причини имињата и презимињата на фудбалерите не се објавуваат, но ова, како што велат и самите Англичани, е охрабрување за да се продолжи според замислениот план, Премиер лигата да продолжи на 12 јуни.

За шестте случаи позитивни на тестот на Коронавирус ќе следи 7-дневен карантин, според препораките на здравствените власти во Велика Британија.

Премиерот Борис Џонсон неодамна најави дека од 1 јуни ќе има зелено светло за сите спортски активности, а премиерлигашите добија дозвола да продолжат со првенството на 12 јуни.

Ливерпул е лидер на 9 кола до крајот со 82 бода, дури 25 повеќе од актуелниот првак Манчестер сити, екипа што има меч повеќе за доигрување.

 

- Оглас -

Најнови вести