Премиерлигашкиот хит се активира на трансфер-пазарот, ќе потроши 70 милиони евра за двајца фудбалери

Хитот на Премиер лигата, екипата на Брајтон, планира сериозно да се засили за следната сезона и за дебитантскиот настап во Европа ова лето.

Веќе е договорен трансферот на бразилецот Жоао Педро од екипата на Ватфорд, а овој трансфер е со вредност од 34 милиони евра. Ова е рекорд во клупската историја.

Сепак, овој рекорд може многу брзо да биде срушен, бидејќи Брајтон и официјално испрати понуда до Челзи за Леви Колвил, кој оваа сезона како позајмен настапуваше токму за Брајтон. Понудата изнесува 40 милиони евра и доколку биде прифатена од Челзи, ќе го сруши клупскиот рекорд на Брајтон вторпат за помалку од еден месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести