Премиерлигата има чуден план за коронавирусот – Ќе „настрада“ и менаџерот на Кристал Палас

Челнците на Премиерлигата размислуваат за мерки во битката со коронавирусот, ако тој се рашири и во Велика Британија, а еден од потезите би можел да биде и забрана за посета на натпреварите за лицата што имаат 70, или повеќе години.

Во понеделник ќе се одржи состанок за да се испланира како Премиерлигашите ќе се борат против коронавирусот, а на дневен ред ќе биде и евентуалното одложување на дел од натпреварите, или настапи на најквалитетните екипи во Англија на мечеви без публика.

„Ја следиме ситуацијата со првенствата каде има и одложување на натпреварите, но и мечеви без публика. Ќе мора да ја почтиуваме и евентуалната препорака на Министерството за здравство, па мора да имаме и план. Еден од нив веројатно ќе биде и забрана за доаѓање на стадионите за лицата со 70, или повеќе години, бидејќи таа возрасна категорија е со највисок ризик од коронавирусот“ велат претставници на премиерлигашите.

Во таков случај можно е Кристал Палас да се најде во проблеми, бидејќи менаџерот Рој Хоџсон, што го предводи тимот од клупата има 72 години, како единствен што и припаѓа на најризичната возрасна група од сите тренери на 18-те премиерлигаши.

 

- Оглас -

Најнови вести