Премиерна радост за Сидорф и неговиот Камерун

Репрезентацијата на Камерун со триумф од 2-0 над Гвинеја Бисау тргна на Африканскиот Куп на нации. Избраниците на легендарниот ексфудбалер на Милан, Кларенс Сидорф, ја оправдаа улогата на апсолутни фаворити, иако во мечот во кој доминираа им беше потребен повеќе од еден час за да ја затресат мрежата на противникот.

По неколку сериозни обиди, Банана во 66-тата минута конечно го скрши мразот, а само три минути подоцна Бахокен ги реши сите дилеми по катастрофалните реакции на дефанзивците на Гвинеја.

Камерун во следното коло од групната фаза ќе се сретне со селекцијата на Гана, која пак вечерва во 22 часот игра против Бенин.

https://twitter.com/menaaaly/status/1143587554496786433

- Оглас -

Најнови вести