Пресврт: Елмас стартер против Интер!

Елиф Елмас сепак ќе биде во почетниот состав на Наполи на вечерашното гостување кај Интер во полуфиналето на Купот на Италија. Иако сите најави беа дека Бразилецот Алан ќе игра од почеток во средината на теренот на позицијата на Елмас, сепак денеска се случи пресврт. Алан се пожалил на болки во коленото и нема да може да им помогне на Наполитанците, па тренерот Џенаро Гатузо нема избор освен да го вметне македонскиот репрезентативец во почетниот состав.

Ова е добра вест за Елмас, па и за Наполи, бидејќи тимот имас подобри резултати со Дијамантот во составот отколку кога нашиот фудбалер е на клупата. Лоша вест за Наполи е што нема да може да игра Калиду Кулибали и на негово место стартер ќе биде Максимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести