Пресврт на кариерата за Кирјос: спаси пет меч-топки, и на крај победи

Со австралискиот тенисер Ник Кирјос, никогаш не е здодевно. Рано утрово во четвртфиналето на турнирот во Вашингтон, Кирјос пет пати беше на поен од елиминација, но секогаш се спасуваше од меч-топките на противникот Френсис Тиафо, и на крај, успеа да победи.

Тиафо водеше со 1-0 во сетови, а во тај-брејкот имаше дури пет меч-топки, но не искористи ниту една. И Кирјос пропушти неколку сет топки, пред конечно да изедначи на 1-1, а во третиот сет, немаше неизвесност, Австралиецот беше подобар со 6-2.

За место во финалето, Кирјос ќе се бори со Микаел Имер од Шведска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести