Пресврт во случајот “Погба“: Се појавија олеснителни околности

Италијанските медиуми доцна вечерва пренесуваат информација дека е можен пресврт во случајот со позитивниот допинг тест на Пол Погба. Според првиот тест, французинот беше позитивен на тестостерон, што една од супстанците која носи висока суспензија.

Сепак, вториот тест е позитивен на Деа или дехидроепиндростерон, што е состојка која се користи за регенерација на мускулите, но е казнива со само двегодишна забрана. Оваа состојка ја има во многу производи и најчесто не е означена на амбалажата, па тука се отвора простор за адвокатите на Погба да поднесат жалба и да се надеваат на помала казна, дури и на продолжување на кариерата на 30-годишниот фудбалер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести