Пресвртница во Интер: Лаутаро сега не сака трансфер во Барселона

Сагата околу иднината на Лионел Меси во Барселона го натера Лаутаро Мартинес да се двоуми за трансфер во редовите на каталонскиот гигант.

Негова желба беше да ја дели соблекувалната со сонародникот, но сега кога Меси сака да го напушти „Камп ноу“, и Мартинес олади околу идејата да го облече дресот на шпанскиот вицепрвак.

Така Интер дојде до ситуација да го сочува својот голгетер за во иднина. Раководството наводно подготвува нов договор за Лаутаро според кој ќе добие покачување на платата, а воедно ќе има многу поголема клаузула од 111 милиони евра, или пак воопшто нема да има клаузула.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести