Претера ли Бристол сити – Фрли куче, фати договор, ваква најава за потпис не сте виделе (Видео)

Бристол сити стана препознатлив сезонава по мејлот што го испрати до сите ривали во Шампионат лигата дека веќе нема да толерираат симулирање на противничките играчи и дека нема да ја исфрлаат топката во аут при такви ситуации, а сега повлекоа нов контроверзен потег.

На инстаграм-профилот на клубот, кој е член на втората по ранг лига во Англија, објавија видео како асоцијација за потписот на нов договор со фудбалерот Калум О`Дауда.

Искористија куче, кое во видеото асоцира на играчот, а му го фрлаат договорот во вода за да го земе, со што на чуден и досега невиден начин се означува продолжување на соработка со фудбалер.

Дел од реакциите е дека најавата за нов договор со ирскиот фудбалер е оригинална, а дел реагираат дека е невкусна. Како и да е, досега вакво нешто немало и, секако, е уникатен начин на објава на продолжување на договор со фудбалер, без разлика дали е допадливо или е невкусно.

 

- Оглас -

Најнови вести