Претседател на еден од најтрофејните клубови во Африка е уапсен поради трговија со дрога

Претседателот на мароканскиот фудбалски тим, Видад Казабланка, Саид Нацири, е уапсен поради трговија со дрога.

Нацири се соочува со неколку обвинувања меѓу кои се фалсификување на службени документи, поседување и дистрибуција на дрога и користење на фалсификувани чекови и за перење на пари“, соопшти адвокатот на Нацири.

Мароканската полиција започнала истрага против Нацири по дадената изјава пред обвинителството на државјанин на Мали, кој е осуден во Мароко поради трговија со дрога.

Видад Казабланка е трикратен победник во африканската Лига на шампиони и има 22 титули во мароканскиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести