Претседателот на Барса едно зборуваше за Суперлигата пред избори, сега сосема друго

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, барем јавно така велеше, пред неколку месеци беше голем противник на формирање на Суперлигата. Сега тој е меѓу 12-те потписници. Што го натера да си го смени мислењето?

„Мислам дека европската Суперлига ќе ја убие фудбалската индустрија. Тоа е прашање на пари, но тоа е мое лично мислење од тоа што го имам прочитано. Имам малку детални информации како би било организирано новото натпреварување. Не поддржувам европска Суперлига, таа може да го уништи спортот, таа го претставува она што е погрешно во фудбалот. Кога ве интересираат само пари, се губи убавината на спортот. Би сакал, на пример, супер Светско клупско првенство кое би се играло на две години“, изјави Лапорта додека беше во опозиција и му контрираше на тогашниот претседател Бартомеу, кој беше поддржувач на идејата за Суперлига.

Само три месеци по оваа идеја, Лапорта стави потпис за учество на Барса во натпреварување за кое тој рече дека ќе го уништи фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести