Претседателот на Барселона си поднел оставка, Меси веќе си заминал од Барселона!

Лионел Меси веќе си заминал од градот Барселона, пишува весникот „Марка“, а „Мундо депортиво“ и уште неколку други медиуми пишуваат за оставка на претседателот на каталонскиот гигант, Хосеп Марија Бартомеу. Ова се последните најави по денешната „нуклеарна бомба“ која ја фрли Меси, по најавата дека сака да си замине од Барселона.

Аргентинскиот виртуоз повеќе од 20 години е дел од Барселона, но денеска испратил писмен документ во кој побарал дека сака да си замине од клубот и да добие раскинување на договорот кој му истекува следната година. Во последните неколку месеци Меси јавно негодуваше поради потезите кои ги носеше управата на клубот.

Последен од низата потези со кои Меси не се согласува е доведувањето на Роналд Куман за тренер. Холандскиот тренер започна со „чистка“ на многу првотимци, а имал и непријатен разговор и со Меси.

Меси е иконата на клубот, фудбалерот со кого се поврзани сите успеси во овие речиси две децении. Навивачите на Барселона жестоко реагираа на најавата дека Меси ќе си оди и цела вечер се собираат пред стадионот „Камп ноу“ сакајќи да изразат поддршка за нивниот омилен фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести