Претседателот на ФИФА стана македонски репрезентативец

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, оствари официјална средба со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино во седиштето на Светската фудбалска асоцијација во Цирих.

Сејдини изјави дека во ФФМ се горди и среќни што во ФИФА имаат одличен партнер.

„Благодарност до претседателот на ФИФА, за срдечниот прием и поддршката со која уште еднаш потврдуваме дека ФИФА е цврст партнер на ФФМ и продолжува да ја поддржува нашата фудбалска стратегија. ФИФА и претседателот Инфантино многупати досега ја искажуваа својата поддршка за ФФМ и затоа цврсто веруваме во стратегијата и мисијата на ФИФА под водство на г. Инфантино. ФФМ ќе продолжи да дава придонес за идеите, сегашните и идните проекти на ФИФА кои секогаш се насочени кон развој на фудбалот“ – рече Сејдини.

„Мене ми е драго што и малите федерации, како нашата се повикани да го кажат своето мислење и сугурен сум дека можеме да најдеме решение кое ќе биде добро за сите, а претседателот Инфантино покажува дека знае да пронајде вистинска рамнотежа. Од име на ФФМ благодарност до г. Инфантино за убавите зборови искажани за нашата федерација и се надевам дека и во иднина ќе работиме уште повеќе за промоција и унапредување на фудбалот“, – додава претседателот Сејдини, кој на Инфантино му подари дрес од македонската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести