Претседателот на кошаркарскиот сојуз на БиХ, пак ќе дава „тројки од паркинг“, се врати во матичниот клуб

Еден од најдобрите босански кошаркари во историјата, Мирза Телетовиќ, ја врши функцијата претседател на кошаркарскиот сојуз на Босна и Херцеговина, а одлучи да заигра во својот матичен клуб Турбина од Јабланица. Телетовиќ има 35 години и успешната кариера ја заврши порано од посакуваното, но повторно ќе се појави на паркетите и тоа во втората лига на БиХ.

Телетовиќ кој 18 години играше во странство, ќе му помогне на тимот да се пласира во првата лига.

„Не заборавам дека првите кошаркарски чекори ги направив во Турбина. После 18 години во странство, желба ми беше кругот да го затворам повторно во мојот клуб во кој тренира и син ми, и имам многу пријатели. Ќе помогнам колку можам. Повеќе ќе бидам во улога на ментор и за совети, главниот товар ќе го носат младите“ – изјави Телетовиќ.

- Оглас -

Најнови вести