Поранешен фудбалер на Барселона откри: „Ме тераа да кажувам дека Меси е најдобар“ (Видео)

Поранешниот фудбалер на Барселона, Кевин-Принс Боатенг, предизвика лавина реакции со анегдота од периодот кога го носеше дресот на каталонскиот гигант.

Боатенг откри дека при неговото претставување во Барселона во 2019 година бил замолен да каже дека клубот му е омилен и дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во светот.

„Кога потпишав за Барселона, ме замолија да кажам дека Барса е мојот омилен клуб и дека Меси е најдобар играч на светот. Неколку години претходно, кога потпишав за Лас Палмас, на истото прашање одговорив дека тоа се Реал Мадрид и Кристијано Роналдо“, раскажа Боатенг.

Тој призна дека на својата прва прес-конференција како играч на Барселона не ја кажал вистината.

„Ме прашаа кој е најдобриот фудбалер на светот. Излажав и реков: ‘Лионел Меси’. Морав да го направам тоа бидејќи во спротивно е невозможно да играш на ‘Камп ноу’. И на други играчи им се случувало тоа“, изјави Боатенг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by For Your Eyes 👀 (@abubakarwest_)

 

- Оглас -

Најнови вести