Претседателот на ПСЖ пак ја одби Суперлигата: Луѓе умираат во Украина, а вам најважни ви се парите

Пари Сен Жермен по вторпат го одби учеството во Суперлигата откако клубовите кои што останаа, повторно ја покренаа иницијативата.

Барселона, Реал Мадрид и Јувентус направија неколку измени во форматот и продолжуваат да бараат клубови коишто ќе им се приклучат, а таков не е Пари Сен Жермен.

Претседателот на овој тим, Насер Ал-Келаифи, го одби учеството.

„Тоа во моментов се три клуба и не е стабилно натпреварување коешто нема долгорочен план. Тоа што тие забораваат е дека фудбалот се игра за фановите, а не се мавта само со неколку листови хартија.

Луѓе умираат во Украина, нема каде да спијат, а ние правиме муабет за Суперлига којашто ќе донела повеќе пари во касата? Тоа е смешно“, изјави Ал-Келаифи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести