Претседателот на шпанската фудбалска федерација под истрага за фалсификување документи

Луис Рубијалес, претседателот на Шпанската фудбалска федерација е под истрага за фалсификување документи. Како што пренесе „Марка“, Рубијалес на нелегален начин се обидел да додаде 19 членови во одборот кои лично би ги одбрал. Оваа истрага доаѓа непосредно пред изборите за нов претседател кои треба да се случат летово, но уште нема точен датум за одржување.

Одборот на Федерацијата се состои од 140 членови, а со додавање на уште 19, Рубијалес автоматски би ги добил нивните гласови за изборите, во коишто противкандидат му е легендата на Реал Мадрид, Икер Касилјас. Рубијалес ќе мора да се појави пред Судот во Мадрид на 21 мај да се брани од овие оптужби.

 

- Оглас -

Најнови вести