Претседателот на тимот кој даде 20 гола стана хит во Хрватска!

Фудбалскиот клуб Гај Маче го привлече вниманието на јавноста по завчерашната победа од 20-2 во меч од Купот на Хрватска, а популарност стекна и првиот човек на овој третолигаш, најмногу поради изгледот.

Претседателот Драгутин Шчапец, кој има 66 години, расположен (како не би бил, кога неговиот тим постави хрватски рекорд) ги честел сите во негова близина, а и без проблем позира во син дрес на Челзи без бројка и обична долна тренерка без обележја.

„Во нашето место, 60 проценти се за Динамо, а 40 отсто за Хајдук. Но, сите се единствени во едно, го обожуваат Гај“, вели Шчапец.

Екипата на Гај во следната фаза игра со Локомотива Загреб, која е стабилен прволигаш.

„Тие треба да се плашат од нас по овој резултат, а не ние од нив“ – се шегува претседателот кого сите го викаат Драгец.

„Ние сме најгледан клуб во лигата. Во просек доаѓаат 400 луѓе, што значи секој петти жител на нашето место доаѓа на натпреварите. По победата од 20-2, сите биртии беа полни“, раскажува претседателот на тимот во кој половина од играчите не се професионалци, туку си имаат друга работа, фудбалот им е од задоволство.

- Оглас -

Најнови вести