Резултат за паметење, третолигаш даде 20 гола на меч од Купот на Хрватска (Фото)

Екипата на Гај Маче од хрватското Загорје во претколото во Купот на Хрватска го растури гостинскиот тим Кореница со неверојатни 20-2. По мечот, целата екипа се фотографираше со семафорот за вечно памтење на овој натпревар и резултат кој не се памети во историјата на хрватскиот куп.

По првото полувреме, загорците водеа со 10-2, а во вторите 45 минути постигнаа уште десет гола. Се истакнаа Бруно Рихтар и Мартин Шабан со по пет гола.

Инаку, Гај е во трета лига, додека тимот кој прими 20 парчиња игра во жупаниска лига на Лика.

- Оглас -

Најнови вести