Претседателот на Удинезе е во Белград на вакцинирање, можеби ќе си најде и тренер

Првиот човек на Удинезе, Франко Солдати, се наоѓа во Белград, каде дојде да се вакцинира против Ковид-19, па даде интервју за српските медиуми во кое вели дека ако Дејан Станковиќ го раскине договорот со Црвена Ѕвезда и стане слободен, веднаш би го ангажирал за главен тренер на Удинезе.

„Благодарение на пријателите од Србија добив прилика да се вакцинирам, и еве тука сме со сопругата. На ниво на Европа, има доста проблеми со набавка на вакцини, па затоа и нема масовно вакцинирање на фудбалерите“ – смета Солдати кој посакува следната сезона да се игра со публика на трибините.

Станковиќ своевремено беше член на стручниот штаб на Удинезе, а на прашањето дали би му понудил работа на тренерот на Ѕвезда, Солдати како од пушка даде потврден одговор.

„Веднаш би го земал кога ќе биде можно тоа“ – рече Солдати.

- Оглас -

Најнови вести