Претседателот рече дека „ќе си ја исече главата“ ако неговиот тим прими гол, играчот токму тоа и го најави

Романскиот ФЦСБ вечерва во Португалија ќе го игра реванш-дуелот против Гимараиш, кој треба да одлучи за патникот во групната фаза од Лигата на Европа. На првиот меч кој се одигра во Букурешт немаше погодоци, што значи дека Романците со евентуално реми со голови, ќе бидат дел од групната фаза од ЛЕ.

Претседателот на ФЦСБ, контроверзниот Џиџи Бекали, најави дека очекува романскиот тим да оди понатаму. Тој е толку уверен дека Гимараиш нема да даде гол ниту во реваншот, што дури најави дека „ќе си ја отсече главата“.

„Преслаб тим се за да се плашиме од нив. Да играме три дена, нема да ни дадат гол. Не направија апсолутно ништо на првиот меч. Ќе си ја отсечам главата ако  ни дадат гол во реваншот“, рече Бекали.

Оптимизам дека ќе одат понатаму владее и кај играчите на ФЦСБ, но интересна е изјавата на играчот Флорин Танасе.

„Шансите се 50-50. За нас ова е најважниот меч во сезоната. Ништо друго не ни е важно. Се надевам дека ќе примиме помалку голови од тоа што ќе дадеме. Очекувам да победиме со 2:1“, рече Танасе во шега, знаејќи дека Бекали изјави дека ќе си ја отсече главата доколку неговиот тим прими гол. Бекали и во минатото давал многу контроверзни изјави, но со оваа го достигна врвот.

Дуелот меѓу Гимараиш и ФЦСБ се игра вечерва, во 21 часот, а понудата од сите мечеви во квалификациите за Лигата на Европа може да ја пронајдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести