Претсезонската кошарка е мерак за обложувачите

Детроит пистонс – Орландо меџик (01 часот – НБА, претсезона)

Загревањето за новата сезона во најтрактивната кошаркарска лига е мерак за обложувачите. Сите екипи играат без притисок, се пробуваат нови тактики, се разработуваат новите аквизиции. Сето тоа придонесува за мечевите да бидат со висок број поени. Ништо помалку не се очекува од Детроит и Орландо. Се соочуваат екипи кои во ланската сезона претрпеа елиминација на стартот од плејофот од двете најквалитетни екипи од Истокот, тоа се Милвоки и актуелниот првак Торонто.

Јасни се амбициите на Детроит и Орландо и на што најмногу ќе се фокусираат во овие контролни натпревари. Да се најде начин како да се направи исчекор едно скалило погоре. Квалитетот под обрачите е главно оружје и во двата состави – Детроит ги има Драмонд и Грифин, Орналдо „се крсти“ во Вучевиќ, дуел на центарите ќе биде најзапазен сегмент во овој меч, а така најлесно ќе се помине границата од вкупно 215 поени.

Предлог тип: >215,5 поени (1.90)

 

Чикаго булс – Милвоки бакс (02 часот – НБА, претсезона)

Секогаш е интересно да се види како бик и елен си мерат рогови, метафорично се разбира. За Чикаго и Милвоки ноќеска стартува претсезоната, па нормално дека императив ќе им биде да одиграат добар натпревар со што помалку грешки. Најважно е да се остави прв добар впечаток, тоа повеќе важи за Чикаго отколку за Милвоки. Елените не треба да бидат загрижени за нивната ефикасност, го имаат најкорисниот играч во лигата, Јанис Адетокумбо, кој и во пресрет на новата сезона е прв фаворит за МВП наградата.

Ако се земат предвид минатите средби од регуларниот дел, Милвоки е неприкосновен против некогашната велесила во НБА, има седум последователни победи во низата која трае веќе една и пол година. Очекуваме таа серија да продолжи во меч зачинет со голем број кошеви.

Предлог тип: 2 & <222,5 поени (2.70)

 

Торонто мејпл лифс – Сент Луис блуз (01 часот – НХЛ-лига)

Актуелниот шампион по разочарувачкиот старт на сезоната преку Далас дојде до првиот триумф. Сент Луис сега првпат ќе игра меч настрана од домашната публика, а гостува кај непријатните Јаворови листови од Торонто. За да се започне победничка низа, ќе треба да се игра по ритамот на блузот, па уште во воведниот дел на сезоната Сент Луис да докаже дека титулата не беше случајно освоена.

Торонто делуваше убедливо кај Колумбус, во канадското дерби против Монтреал не можеше да го спречи поразот со „златен гол“. Но, фактот што и двете екипи се расположени да набиваат гол-разлика во раната фаза, ветува дека овој меч ќе биде биде ефикасен.

Предлог тип: >6,5 голови (2.50)

 

Колумбус блу џекетс – Бафало сејберс (01 часот – НХЛ-лига)

Колку што Бафало перфектно ја отвори сезоната, толку Колумбус не може да се разбуди од кошмарот. Сините јакни како да излегоа од мода, па ги газат како обично парче ткаенина. Колумбус претрпе три тешки порази, вклучувајќи го и дебаклот од Питсбург со 7-2. Сабјите од Бафало, пак, на парчиња го исечкаа Њу Џерси, слатка беше победата од 7-2, па сега целта е да се продолжи победничката низа.

Во 10 последователни меѓусебни средби, Бафало и Колумбус играат меч во кој четири гола се минималец, а често се случувало да се постигнат и по пет, шест, па и седум гола. Обновените сили и фактот што е вовед во сезоната ветува дека и овој меч ќе биде исто така ефикасен.

Предлог тип: >5,5 голови (1.78)

 

 

- Оглас -

Најнови вести