Претставено логото за Мундијалот во Катар (Фото)

Домаќинот на Светското фудбалско првенство во 2022 година, Катар, го промовираше официјалното лого на планетарниот турнир. Мундијалот во Катар ќе биде последен на којшто ќе учествуваат 32 селекции бидејќи од 2026 година на завршницата ќе има дури 48 национални репрезентации.

Искривената линија која е на горниот дел од логото всушност ги преставува брановитите пустински дини, а неприкинатата линија која оди во облик на бројот осум ги претставува осумте стадиони на кои ќе се играат натпреварите.

 

- Оглас -

Најнови вести