Преубаво: Синот на Меси го слави голот од слободен удар против Гранада (Видео)

Барселона лесно со 4:0 ја победи Гранада, а Лионел Меси со два погодоци беше главен играч на мечот. Двата погодоци на Аргентинецот беа одлични, со прецизни удари од далечина.

Посебно убав беше голот од слободен удар за 3:0. Меси погоди, а на погодокот најмногу се израдува неговиот син, Матео. Малиот Матео дома го следеше мечот, а кога виде дека татко му успеа да ја затресе мрежата на Гранада, започна славје во семејството на капитенот на Барселона, а Матео беше предводник во радоста.

https://youtu.be/QKUYk-5sYXo

 

- Оглас -

Најнови вести