Презимето Нуњес е во мода, ќе има трансфер епизода 2 и сега Вулверхемптон е подготвен да урне клупски рекорд

Жорж Мендеш ќе има најголем ќар во летниот преоден рок. По продажбата на Дарвин Нуњес во Ливерпул за сума од 75 милиони евра, што со бонуси може да достигне 100 милиони евра, сега на ред е трансфер на вториот Нуњес, Матеус од Спортинг Лисабон во Вулверхемптон, што се најавува како рекорден во клупската историја на Волците.

Тие се подготвени да платат отштета од 45 милиони евра за Бразилецот, кој игра за Португалија и плус да се обврзат на уште пет милиони евра како бонуси.

Матеус Нуњес не е во роднинска врска со Дарвин, кој од Бенфика веќе се пресели во Ливерпул и со вкупна сума од 100 милиони евра со бонуси го урна рекордот на Црвените од Енфилд.

Ист ќе биде и случајот со Матеус Нуњес, бидејќи вкупен трансфер од 50 милиони евра, како што се најавува и тоа како сигурен, ќе го урне клупскиот рекорд на Вулверхемптон.

Досега најскап трансфер на Волците е тој на Фабио Силва од Порто за 35 милиони евра, што беа платени пред две години.

Мендеш како менаџер со продажба на двајцата играчи со исто презиме Нуњес ќе направи вкупен обрт од 150 милиони евра, што му носи и одлична провизија, како потврда дека е еден од најдобрите фудбалски менаџери на планетата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести