Прифатена е понудата на Боели од 4.9 милијарди долари – Заврши руската команда во Челзи, почнува ера на Американците

Тод Боели кој е еден од сопствениците на безбол тимот Лос Анџелес доџерс и на женскиот кошаркарски клуб Лос Анџелес спаркс е нов газда на Челзи, откако е прифатена неговата понуда вредна цели 4.9 милијарди долари, објавија англиските медиуми.

Боели, кој е Американец и доаѓа на местото на рускиот тајкун Роман Абрамович веднаш ќе уплати 3 милијарди долари на сметката на клубот од Лондон, која е замрзната.

Британската влада му наметна санкции и на Абрамович во рускиот пакет, па Челзи се соочуваше со сериозни финансиски проблеми повеќе од еден месец и со банкарска сметка што не функционираше.

Боели и неговиот конзорциум планираат да вложат дополнителни околу две милијарди долари за развој на клубот, а ќе се инвестира во стадионот, во фудбалските академии и во женскиот тим.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести