Пријател на Осимен тврди дека Виктор не се откажал од сонот да заигра во Премиер лигата

Нигерискиот новинар и пријател на фудбалерот Виктор Осимен, Ома Акатугба, даде интервју за едно италијанско радио, во кое тврди дека сон на напаѓачот е да игра во англиската Премиер лига.

Осимен неодамна го продолжи договорот со Наполи до летото 2026 година, но има клубови кои се спремни да платат богата отштета за него, па не се знае дали ќе остане во Неапол уште две и пол години.

„Мислам дека Наполи уште ја прославува титулата од минатата сезона. Тоа е мое мислење, не сум зборувал со Виктор за ова. Тимот не е фокусиран, ниту обединет сезонава. Сите знаат дека сон на Осимен е Премиер лигата. Има шпекулации дека Арсенал би ја платил откупната клаузула. Ако си замине од Наполи, ќе остане во пријателски однос со клубот. Мислам дека тој потпиша нов договор за да остане, но можноста за преселба во Англија постои и тоа не треба да се крие“, вели Акатугба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести