Попладнево во Скопје се одиграа два пријателски натпревари на кои второлигашките екипи извлекоа поповолни резултати од прволигашите.
На стадионот „Железарница“, домашниот Скопје одигра 0-0 против Вардар, додека на теренот на „Алумина“ во Карпош, моментно најдобриот тим во втората лига, Македонија Ѓорче Петров, со 2-0 го совлада Работнички кој до неодамна беше лидер на прволигашката табела.