Убавата приказна на Барса е без крај – Пак го победија омилениот противник во Шпанија (Фото+Видео)

Барселона ја продолжи блескавата серија успеси против Елче и вечерва пак го победи омилениот ривал во Шпанија со 3:0.

Роберт Левандовски постигна два гола и сега има 8 во шест кола, откако пристигна во редовите на гигантот од Каталонија.

https://twitter.com/NLGoal/status/1571158986824601604?s=20&t=F7EQfXHw-QeVYS4nzggGHw

Со тоа Полјакот само се зацврсти на првото место на листата со најдобри стрелци, а еден гол даде и Мемфис Депај.

 

Барселона никогаш не претрпела пораз од Елче на свој терен, а ова им беше 24-ти меч на „Камп Ноу“.

Каталонците имаат 17 победи и 7 пати одиграле реми кога Елче им бил гостин.

Денеска работата на домаќините многу им ја олесни Гонзало Верду, кој беше исклучен рано, во 14-та минута од мечот, а потоа со 10 играчи Елче не успеа да се одбрани и пак загуби од Барса.

По одиграни шест натпревари Барселона е прва со 16 бода, пред Реал Мадрид кој има 15, но и меч за одигрување.

Елче е последен со само еден бод и е единствениот тим во Ла Лига што нема победа во првите шест кола.

 

- Оглас -

Најнови вести