Приказна што не можете да ја измислите: Тој беше со мене

Во ноќта кога светот ја оплакуваше смртта на Коби Брајант, НБА-лигата не отстапи од својот распоред и се одржаа предвидените натпревари. Дуелот Атланта – Вашингтон беше еден од нив, меч во кој се виде статистика каква што само легендата на Лејкерс ја имаше остварено дотогаш.

Тре Јанг, младата ѕвезда на Јастребите, на теренот се појави со дрес со бројот 8 на неговиот грб за да му оддаде почит на својот идол, а притоа оствари учинок речиси идентичен на Брајант.

Имено, Јанг е првиот играч во НБА-лигата по Коби Брајант кој завршил со дабл-дабл при реализирани 45 поени, а притоа искористил помалку од 25 шутеви, или поточно 24 обиди за реализација. Јанг постигна исто толку (45) против истата екипа, но имаше четири асистенции повеќе од Брајант (14).

Коби во декември 2006 година во поразот од Вашингтон при конечни 147:141 заврши со 45 поени и вкупно 24 шута од игра, а имаше и 10 точни додавања.

Јанг потоа се огласи преку својот профил на „Твитер“: „Вакви работи не може да се измислат, тој беше со мене вечерва“, напиша кошаркарот на Атланта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести