Харден со брилијантен потег го прати по бурек најдобриот дефанзивец во НБА и потоа се посрамоти (Видео)

Џејмс Харден одигра одличен меч за Филаделфија 76 на премиерата во новата сезона во НБА-лигата против Бостон селтикс, постигна 35 поени и имаше неколку блескави потези, меѓу нив и еден брилијантен, но со катастрофална завршница.

За Брадата беше задолжен најдобриот дефанзивец во Лигата, Маркус Смарт, но и тој беше немоќен, а еднаш беше и понижен од Харден.

Бекот на Филаделфија со прекрасен потег и дриблинг и буквално го легна на паркетот Смарт и потоа се посрамоти со голема утка во чиста позиција за тројка.

Промаши цел обрач и ја погоди само таблата, но со вкупниот впечаток на првиот меч во новата сезона покажа дека ќе биде еден од главните адути на 76-те.

Харден искомбинира и 8 скока и 7 асистенции, а Филадлефија го загуби премиерниот меч во новата сезона со 126:117 на гости кај 17-кратниот НБА шампион.

 

 

- Оглас -

Најнови вести